ХУМАНИТАРНА АКТИВИСТКА КОЈА СЕ ВОДИ СПОРЕД ВЕРУВАЊЕТО ДЕКА СВЕТ ИСПОЛНЕТ СО ТОЛЕРНАЦИЈА, РАЗЛИЧНОСТ И ПОЧИТ, НАВИСТИНА Е МОЖЕН!
Уште од првиот момент кога ќе ја запознаете Мерсиха Смаиловиќ имате чувство дека оваа млада жена има многу приказни за раскажување и многу искуства за споделување. Како личност која шири смирувачка и позитивна енергија, зборува на едноставен начин, притоа ве наведува и на размислување, делата на Мерсиха говорат многу повеќе за неа од кој било збор. Таа го подигна својот глас против непочитувањето на човековите права, особено во случајот на мигрантите и бегалците и спроведе многу активности за директно да им помогне на оние кои што имаат потреба. Од Сомалија и Палестина до Сирија и Македонија, Мерсиха не само што им помогна на многу луѓе кои имаа потреба, туку исто така ги поттикна и младите да ги следат нејзините чекори.
Сакам историјата да го бележи нашиот глас како гласот на хуманоста и солидарноста.
Mersiha is a humanitarian activist from her early childhood. She has been working in the field of human rights and multiculturalism since 2009. As one of the founders of NGO Legis (Skopje), she has been very active in helping the refugees and migrants, passing through Macedonia at the onset of the refugee crisis. During the crisis, many citizens joined this organization in order to help refugees. 22 activists were constantly engaged both on camps and in the Head Office in Skopje. A network of volunteers was also created, coming from all over the country, consisting of Macedonians, Albanians, members of other ethnic communities and international volunteers.
Мерсиха е хумантирна активистка од кога знае за себе. Таа работи во областа на човековите права и мултикултурализмот од 2009 година. Како еден од основачите на НВО Легис (Скопје), таа беше многу активна во помагањето на бегалците и мигрантите кои што поминуваа низ Македонија на почетокот на бегалската криза. За време на кризата, многу граѓани и се придружија на организацијата со цел да им помогнат на бегалците. 22 активисти беа постојано ангажирани низ камповите и во главното седиште во Скопје. Исто така беше создадена и мрежа на волонтери од целата земја која што се состоеше од Македонци, Албанци, припадници на други етнички заедници, како и меѓународни волонтери.
Според неа бегалската криза им помогна на луѓето во Македонија да се обединат што е одлична демонстрација на солидарност. На пример, беше креирана фејсбук група „Помош за бегалците во Македонија“ која што собира средства и обезбедува информации за патувањето на мигрантите. Зголемената солидарност е единствениот позитивен исход од оваа криза во земја која што има свои економски тешкотии и политички поделби. Мигрантите ги обединија сите преку границата, во вистинска смисла. Така преку нејзиниот активизам и ангажман, Мерсиха со сигурност поставува пример за подобар свет исполнет со толеранција, различност, почит и бескрајно човештво.
[…] она што хуманоста во Македонија го направи е тоа што ги обедини различните. Во Македонија сме толку различни не само како нација, вера туку и по политички убедувања и секогаш наоѓаме причини да бидеме по разделени. Хуманоста успеа да обедини голем број на луѓе, особено оние кои што јас ги имам запознаено. Мерсиха Смаиловиќ
An interview with Mersiha: Macedonia, the Refugee Emergency
Facebook group: Help the refugees in Macedonia
…
THE SITUATION WITH MIGRANTS AND REFUGEES IN MACEDONIA THROUGH THE PRISM OF MEDIA AND NGOS: