ВЛЕЗ
МУЗЕЈОТ НА СОЛИДАРНОСТА ПРЕТСТАВУВА КОЛАЖ ОД ПРИКАЗНИ ИНСПИРИРАНИ ОД ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ И ДВИЖЕЊА ЗА СОЛИДАРНОСТ НИЗ ЕВРОПА. СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРИКАЗНИ КОИ ДОАЃААТ ОД ГРАЃАНИТЕ: ОД НЕФОРМАЛНИ, ГОЛЕМИ ИЛИ МАЛИ ГРАЃАНСКИ ГРУПИ, ИЛИ ПАК ЛИЧНИ ИНИЦИЈАТИВИ НА ПОЕДИНЦИ ЗА ПОМОШ И СОЛИДАРНОСТ СО ДРУГИТЕ ЛУЃЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА ИЛИ ПОТРЕБА.
Не ви ги прикажуваме овие приказни за да создаваме херои од главните актери – многумина од луѓето кои ги интервјуиравме потенцираа да не го правиме тоа – туку со нив првенствено сакаме да инспирираме, да се поврземе меѓусебно и да споделуваме идеи.
ЗАПОЧНАВМЕ СО ПРИКАЗНИ ОД ШЕСТ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ И САКАМЕ НИВНИОТ БРОЈ ПОНАТАМУ ДА РАСТЕ, А СО ТОА И БРОЈОТ НА ЛУЃЕ КОИ ЌЕ СЕ ОБЕДИНАТ ПРЕКУ ОВИЕ ИНИЦИЈАТИВИ.
Музејот на солидарноста е создаден во рамки на проектот ПРОСЛАВУВАЊЕ НА СОЛИДАРНОСТА, во кој се вклучени шест граѓански организации од шест европски земји: Фондацијата Ана и Владе Дивац (Србија), ДемНет (Унгарија), Фондацијата РадиоФонија (Полска), Партнери Албанија (Албанија), МултиКулти Колектив (Бугарија) и Младиинфо Интернационал (Македонија). Повеќе информации за проектот се достапни на официјалната веб-страница.
ЗОШТО ПРЕТПОЧИТАМЕ АУДИО ИНТЕРВЈУА?
Затоа што сакаме да претставиме отворени, спонтани интервјуа со волонтерите и оние на кои помошта им е најпотребна. Луѓето полесно се отвораат ако во нив не е вперена камера. Повеќето од интервјуираните заборавија на диктафонот по првите пет минути од сминањето. Покрај тоа, материјалите можат да бидат понудени како радио содржини и подкаст.
КОЈ ГИ СОЗДАВА ПРИКАЗНИТЕ?
Членовите на тимот имаат искуство во граѓанскиот сектор и тоа ни овозможува подлабок и поетички пристап во интервјуирањето и создавањето на самите приказни. Повеќе за нас во секцијата ТИМ.
Влез во Музејот на солидарноста