Interactive Coloring

drag iconDrag any color from the left toolbar to an area or text in the page. A blue outline will indicate a droppable element.

drag iconOn mobile, wait a tiny bit until you drag the color drop.

ХУМАНИТАРЕН ПОДВИГ ЗА ВАЊА ЛАЗАРОВА

ОГНЕН ЈАНЕСКИ, НОВИНАР, ВОДИТЕЛ И ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТ СМЕТА ДЕКА ХУМАНОСТА НЕ Е НЕШТО ШТО ДОАЃА КАКО ИДЕЈА ТУКУ Е ВНАТРЕШЕН ПОРИВ.

Откога знае за себе, знае и за потребата да се биде хуман. Присутен насекаде, уредник во телевизијата 24 Вести, водител на безброј манифестации, следен од илјадници следбеници на социјалните мрежи, активист, хуманитарец, филантроп, аматер пејач, па дури и организатор на караоке забави. Тоа е младиот Огнен Јанески, инспирација за многумина млади, а омилен лик на повозрасните генерации.

Уште од 2001 година за време на конфликтот во Македонија, Огнен се приклучува на кампања која промовира соживот и разбирање помеѓу етничките заедници во Македонија. Речиси и да нема протест каде што се бара почитување на човековите права, одговорност и владеење на правото, а Огнен да не е вклучен. Не само како активист, туку и како хуманист е познат меѓу јавноста во Македонија. Огнен беше еден од предводниците на иницијативата за помош на малата Тамара од Велес со цел да и биде овозможена соодветна интервенција и лекување, а уште погласен беше при барањето одговорност од надлежните по ненадејната смрт на малото девојче. Друга поголема иницијатива која ја предводеше Огнен е онаа за познатата пејачка на традиционална македонска музика Вања Лазарова, при што граѓаните бараа надлежните да и дадат статус на национален уметник на Лазарова со што таа би добила национална пензија.
Овој млад активист, но со богата биографија за активизам и солидарност, смета дека хуманоста треба да излезе од нас самите, правејќи некого среќен, среќни би се чувствувале и самите ние.

Фејсбук група
Global voices
24 вести: Веста за смртта на Вања Лазарова
Интервју со Вања Лазарова 24 вести
Призма.мк: Граѓаните со масовна поддршка за Вања Лазарова да стане национален уметник
Вест за документарен филм во чест на Вања Лазарова
24 вести: Успешна иницијатива на 24 вести и граѓаните – Вања Лазарова ќе добие национална пензија

Interview, text:
ANA ALIBEGOVA, EMA JAKIMOVSKA

Sound editing: VLADIMIR RADINOVIĆ