Interactive Coloring

drag iconDrag any color from the left toolbar to an area or text in the page. A blue outline will indicate a droppable element.

drag iconOn mobile, wait a tiny bit until you drag the color drop.

СОЛИДАРНОСТ – НЕ САМО КОГА Е ТРЕНД

СОЛИДАРНОСТ БИ БИЛО ДА ГИ ЧУВСТВУВАШ СИТЕ ЛУЃЕ ОКОЛУ ТЕБЕ ЕДНАКВИ НА СЕБЕ И АКО ТРГНЕТЕ ОД ИДЕЈАТА ДЕКА НАВИСТИНА СИТЕ ЛУЃЕ СЕ ЕДНАКВИ НЕЗАВИСНО ОД ПОЗАДИНАТА ОД КОЈА ДОАЃААТ, РЕЛИГИЈА, БОЈА НА КОЖА, СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА, АПСОЛУТНО НИШТО НЕ Е ВАЖНО БИДЕЈЌИ НА КРАЈОТ НА ДЕНОТ СИТЕ СМЕ ЛУЃЕ.

Присутна насекаде, солидарна со сите и секогаш спремна да помогне. Тоа е младата и позитивна Марија Матовска, активист, проектен менаџер во Младиинфо и национален координатор на Наградата за социјално претприемништво. Неуморен, несебичен слободен дух кога станува збор за каква било хуманитарна акција и помош, особено за децата и младите со попреченост.

Често луѓето ја препознаваат по тоа што присуствува на сите настани кои вклучуваат помош за лица кои што имаат потреба од тоа. Поседува голема страст кон теми врзани со човековите права воопшто, сексуалното и репродуктивно здравје и правата на лицата со попреченост. Токму затоа, Марија и денес е дел од неколку различни здруженија на граѓани и неформални граѓански движења и иницијативи.

Така да би кажала дека за поинцидентните и поексплозивните големи работи, да, сме солидарни, меѓутоа за оние работи кои што не се така едноставно забележливи во општеството, мислам дека не сме сеуште целосно солидарно општество.

Enlarge

Marija-Cako
Марија и Цако

Иако е активно вклучена во повеќе активности, сепак најголемо внимание посветува да помогне и да ги поддржи лицата со интелектуална попреченост. Најголема инспирација за Марија е нејзиниот  помал брат кој е роден со Даунов синдром.  Со него заедно работат за да им го олеснат живототот на лицата со попреченост и да им помогнат полесно да се интегрираат во општеството. Цако, братот на Марија беше првиот студент со Даунов синдром од Македонија кој се обрати на Светската конференција на луѓето со Даунов синдром, директно од Обединетите Нации во Њујорк.

Cako
„Јас сум Цако” фејсбук страна
Црнобело: Цако – првиот македонски студент со Даунов синдром кој одржа говор во седиштето на ОН видео
Нова ТВ: Флоренс и Цако ги уриваат стереотипите и праќаат бескомпромисна љубов
Репортер: Мојата приказна, јас сум Александар Матовски – Цако и имам Даунов синдром
21 World Down Syndrome Day: Aleksandar Matovski – Macedonia