Interactive Coloring

drag iconDrag any color from the left toolbar to an area or text in the page. A blue outline will indicate a droppable element.

drag iconOn mobile, wait a tiny bit until you drag the color drop.

СКОПЈЕ: ГРАД НА СОЛИДАРНОСТА

МОТОТО НА ГРАД СКОПЈЕ: ГРАД НА МЕЃУНАРОДНАТА СОЛИДАРНОСТ, КОЕ ДАТИРА ОД ВРЕМЕТО НА КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО 1963-ТА ГОДИНА.

УЧЕТЕ ГИ ДЕЦАТА НА СОЛИДАРНОСТ ПРЕКУ ВАШИОТ ПРИМЕР

80-годишниот Ангелко Матовски никогаш нема да го заборави утрото кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сликите како спасуваат живи луѓе од урнатините го следат до ден денешен, а земјотресот му бил инспирација уште повеќе да помага и да покажува солидарност секаде каде што е потребно.

Утрото на 26-ти јули 1963 почнало како секое друго за Ангелко Матовски. Од тетовските села патувал кон Скопје, за работа, не ни сонувајќи што ќе види со своите очи. Град сведен на пепел и прав, разурнат од разорен земјотрес. Време за жалење и паника – немало, па така Ангелко со група храбри луѓе се упатиле од железничката станица кон центарот. Доаѓале секаде каде што ќе слушнат крици за помош, спасиле дете сокриено во урнатини на врвот од срушена банка, а видел и како здрава и жива жена излегува од под урнатините.

Овие настани му останале врежани во сеќавањето на Ангелко и мотив секогаш да помага кога е потребно. Денес тој има 80 години и е уште истата хумана личност што некогаш спасувала луѓе од земјотресот во 1963. Практикувањето на солидарноста го пренесува на своите деца и внуци.

ЕДЕН ОД ПРЕЖИВЕАНИТЕ СЕ СЕЌАВА

Шеесет и деветгодишниот Виктор Иванов, пензионер од Скопје никогаш нема да го заборави утрото на 26-ти јули 1963-та година. Скопје се разбуди во рушевини како последица од катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 6.1 степен, при што загинаа 1,000 луѓе а 200,000 останаа без своите домови. По првичниот шок и неверување, почна да пристигнува меѓународната помош. Осумдесет и седум држави испратија помош до градот и помогнаа Скопје да се издигне од пепелта, по што Скопје го доби епитетот „град на солидарноста“.

Виктор беше еден од децата кои државата одлучи да привремено ја напуштат земјата, стравувајќи од последични шокови и ширење на разни болести. Заедно со својата сестра близначка и постарата сестра, Виктор заминува во Камник, Словенија, каде што луѓето ги дочекуваат со раширени раце. „Што значи да се биде вистински солидарен?“, Виктор искусил на своја кожа и до ден денешен солидарноста е вредност која го обележува неговиот живот.

МЕЃУНАРОДНА СОЛИДАРНОСТ

78 земји им помогнаа на жртвите и одново го изградија градот со парична, медицинска, инженерска поддршка, градежни тимови и набавки. За прв пат од 1945-та година војниците на САД и СССР имаа можност да се запознаат и ракуваат во Скопје, бидејќи и двете земји испратија војници на помош.
Пабло Пикасо донираше слика во Музејот на современата уметност, изграден од страна на Владата на Полска и архитекти од Полска. Обединетите Нации побараа од јапонскиот архитект Кензо Танге да придонесе за обновувањето на Скопје. Меѓународниот придонес беше огромен.
До ден денешен градот ја слави меѓународната солидарност. Многу улици, објекти, па дури и сите населби ги носат имињата на земјите, лицата или компаниите кои придонеле за обновата на градот. На пример, поликлиниката која е донација од Романија, го носи името Букурешт; неколку улици и патишта го добиле името според Мексико, Варшава, Прага, Џон Кенеди… Но, не сите имиња се официјални. Урбаниот фолклор исто така се одржува во живот. На пример, кога Обединетото Кралство испрати 49 кралски инженери (високо ценето воено инженерско тело) пронаоѓачот и основач на “Дексион”, Димитриј Комино обезбедил материјали за градење на рамки, доволно за изградба на две села во агломерацијата на Скопје, едно од нив наречено Дексионград. Има неколку населби во градот именувани како “Шведски бараки”, “Фински касарни” или “Руски згради”.

ДОПОЛНИТЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ
Тито и Хрушчов во посета на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963: видео
 Документарен филм за земјотресот прикажан на Кан
Скопје по земјотресот, 1963 година: Скопјеинфо
Насловна страница од Нова Македонија ден по земјотресот
British Pathe: Земјотрес ги погоди југосовенскиот град Скопје
Balkan Insight: Скопје се сеќава на земјотресот
ББС: на овој ден 1963
Википедија: Скопски земјотрес
Facebook група: Стари Скопјани (Stari Skopjani) – Постари жители на Скопје споделуваат спомени од животот во Скопје нивната генерација
World History Project: Краток опис на настанот
Getty Images: Слики од Скопје по земјотресот