Дваесет и деветгодишната Ана Голејшка нашла одличен начин како да ја комбинира својата страст кон готвењето со нејзината желба за хуманост.
Идејата „Ретвитни оброк“ се родила некаде во април 2015 година, кога двете студентки Злата и Марина на социјалната мрежа „Твитер“ се договарале да подготват оброк повеќе и да го дадат на гладни луѓе. Нивната идеја почнала да добива се’ повеќе следбеници, па сега оваа група на социјалната мрежа „Фејсбук“ брои речиси илјада луѓе. Интересно е дека кон сето ова се приклучуваат и се’ повеќе хуманитарни организации, кои учествуваат било за подготовка, било за транспорт на оброците дури и низ повеќе градови во земјава. Од скромниот почеток сега стигнуваат до 150 оброци спакувани во алуминиумски садови.
„Ретвитни оброк“ не е невладина или каков било друг тип на организација, туку самоорганизирана група од дваесетина млади луѓе кои подготвуваат и донираат оброци на оние на кои им е најпотребно. Станува збор за хуманисти на возраст до четириесетина години, кои секоја сабота зад Спомен-куќата на Мајка Тереза делат се’ повеќе и повеќе оброци на оние кои се гладни и живеат на раб на егзистенција. Во групата спонтано се вклучуваат и фирми кои доделуваат ваучери на одредена сума со кои во нивните продавници може да се купат месни и сувомесни производи или други продукти. Интенцијата на групата е донациите да не бидат во „кеш“ пари.
Твитер
Фејсбук
Вести: „Твитер награди“- Ретвитни оброк е најдобра кампања за 2016 година
Прочитај повеќе
Interview, video production, text: VLADIMIR RADINOVIĆ
Story editor: HUNOR KIRÁLY